Opis i wymagania
Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Агент за корисничка поддршка каде што секојдневно комуницираш со клиенти на германски јазик и притоа покрај тоа што им помагаш на клиентите со нивните барања, ги подобруваш јазичните познавања и учиш нови работи! Придружи ни се и биди гласот на корисничката поддршка што зборува германски јазик!
Што нудиме?
Конкурентна плата од 53.200 денари
Можност за работа од дома или од нашите модерни канцеларии во центарот на Скопје - вие бирате!
Осум часовни смени со почеток од 9, 10 или 11 часот наутро (да, добро прочитавте, само дневни смени)
Месечни бонуси за перформанси
Бонуси за препораки
Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!
Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!
Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка
Онлајн центар за психолошко советување
Професионална и платена обука за работа
Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас
Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!
Што бараме?
Одлично познавање на говорен и пишан германски јазик (C1/C2)
Основни познавања од работа на компјутер
Тимски играч кој ужива во динамична средина
Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија
Личност која сака да работи во атмосфера каде што трудот, напорната работа и амбицијата се почитуваат и ценат
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.