Información general

Ubicación
Skopje
ID del Empleo
7862
Categoría
Teleoperador/a
Requisito lingüístico
Alemán

Descripción y requisitos

Descripción

Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Агент за корисничка поддршка каде што секојдневно комуницираш со клиенти на германски јазик и притоа покрај тоа што им помагаш на клиентите со нивните барања, ги подобруваш јазичните познавања и учиш нови работи! Придружи ни се и биди гласот на корисничката поддршка што зборува германски јазик!


Што нудиме?

  • Конкурентна плата од 53.200 денари

  • Можност за работа од дома или од нашите модерни канцеларии во центарот на Скопје - вие бирате!

  • Осум часовни смени со почеток од 9, 10 или 11 часот наутро (да, добро прочитавте, само дневни смени)

  • Месечни бонуси за перформанси

  • Бонуси за препораки

  • Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!

  • Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!

  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка

  • Онлајн центар за психолошко советување

  • Професионална и платена обука за работа

  • Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка

  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University

  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас

  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Што бараме?

  • Одлично познавање на говорен и пишан германски јазик (C1/C2)

  • Основни познавања од работа на компјутер

  • Тимски играч кој ужива во динамична средина

  • Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија

  • Личност која сака да работи во атмосфера каде што трудот, напорната работа и амбицијата се почитуваат и ценат

Каков е животот во Transcom?


Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.