Beschreibung & Anforderungen
Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!
Што ти нудиме?
Конкурентна плата од 47.300 денари;
Можност за работа од дома: работи од удобноста на твојот дом по успешно совладување на обуката која трае 3 недели;
Можност за работа на скратено или полно работно време;
Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
Платена обука: инвестираме во твојот успех;
Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој
Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти;
Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат
Твојот ден ќе биде комбинација од:
Секојдневна употреба на италијанскиот јазик: биди гласот на една од водечките тур-оператори во светот;
Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со резервациите на клиентите;
Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудените тури;
Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;
Што бараме?
Италијански гуру: задолжително течно познавање на италијанскиот јазик (усна и писмена комуникација);
Покрај италијанскиот, задолжително е познавање и на англискиот јазик (се работи паралелно со двата јазика);
Основни познавања од работа на компјутер;
Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;
Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.