Beschreibung & Anforderungen
Transcom е шведска компанијa која се истакнува како глобален лидер во светот на БПО индустријата. Во Македонија имаме свои канцеларии во Скопје, Охрид и Прилеп но, нудиме и можности за работа од дома од цела земја. Kонтинуирано вработуваме талентирани колеги кои обезбедуваат супериорна корисничка поддршка за голем број на познати светски брендови со кои соработуваме на повеќе странски јазици, помеѓу кои и германскиот јазик. Доколку уживаш во интеракција со луѓе, сакаш да работиш во брзорастечко опкружување и воедно да го усовршиш познавањето на јазикот кој го зборуваш, те покануваме да му се придружиш на нашиот тим!
Што нудиме?
Конкурентна плата;
Договор за вработување;
Работа од дома - работи од удобноста на својот дом уште од прв ден;
Платена обука - инвестираме во твојот долгорочен успех;
Месечни перформанс бонуси - трудот заслужува признание;
Бонуси за препораки - награда за твојата лојалност;
Исплата на минат труд;
Приватно здравствено осигурување - твоето здравје е наш приоритет!;
Корпоративни попусти во над 15 компании со кои соработуваме;
Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!
Бесплатно психолошко советување;
Бесплатен пристап до нашата едукативна платформа T: University за стекнување на нови вештини;
Кариерен развој: патеката на твојот напредок ја исцртуваме заедно;
Поддршка при балансирање на приватниот и професионалниот живот;
Глобално искуство: секојдневна соработка со колеги од цел свет!
Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка со германски јазик (м/ж)!
Твојот работен ден ќе опфаќа:
Секојдневна употреба на германскиот јазик;
Комуникација со клиенти преку различни канали: телефон, е-пошта и четови;
Поддршка на корисници: одговарање на прашања поврзани со производи и услуги, давање информации, обработка на барања и сл.;
Обезбедување на високо ниво на квалитет на услуга и задоволство кај крајните корисници;
Што бараме?
Одлично познавање на германскиот јазик;
Основни познавања од работа на компјутер: твоите IT вештини дополнително ги унапредуваме за време на периодот на обука
Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
Амбициозност: личен и професионален развој е твоја цел;
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме целосно посветени. На на нашите клиенти, и едни на други. Секој ден, некој го започнува своето патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот што го има денес, претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добива признание за напорната работа, тимскиот дух и поддршката што им ја дава на другите. Придонесува за позитивни и долготрајни промени во својот тим и заедницата. Такви сме ние во Transcom. Тука се грижиме едни за други и си даваме поддршка. Прифатени сте токму такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.