Informacje ogólne

Lokalizacja
Skopje
ID oferty
9991
Kategoria pracy
Obsługa klienta (CSR)
Wymagania językowe
Niemiecki

Opis i wymagania

Opis

Некој во моментов го пакува својот куфер за Берлин. Друг се обидува да го промени датумот на летот во последен момент. Трет го планира својот одмор и е неодлучен за следната дестинација. На сите нив им треба една личност - ТИ! Доколку флуентно зборуваш германски јазик и сакаш патувања, придружи се на нашиот тим кој спојува луѓе, градови и искуства во целиот свет! Секој нов ден ќе биде нова авантура, во која меѓудругото, ќе уживаш во инспиративна атмосфера и добра енергија, ќе стекнеш меѓународно искуство и научиш многу нови работи!


Што ти нудиме?

  • Почетна платa од 950 евра;
  • Договор за вработување на неопределено време;
  • Бонус за добредојде од 450 евра;
  • Целосно платена обука;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Можност за работа на полно или скратено работно време;
  • Модерна канцеларија во центарот на Скопје;
  • Месечни бонуси за перформанси;
  • Бонуси за препораки;
  • Tренинзи, обуки и компаниски настани наменети за личен и професионален развој;
  • Корпоративни попусти во компаниите со кои соработуваме;
  • Бесплатен пристап до нашата интерна едукативна платформа;
  • Можности за напредок: локално и глобално;

Придружи ни се како Туристички советник за патувања со германски јазик!

Твојот работен ден ќе опфаќа:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик како претставник на една од најголемите туристички агенции во Германија;
  • Комуникација со клиенти преку различни канали: телефон, е-маил и четови во врска со туристичките аранжмани и резервации;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделување информации и совети во врска со актуелните понуди и тековни резервации;
  • Нудење на персонализирани решенија за патување прилагодени на потребите на клиентите;

Што бараме?

  • Задолжително флуентно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);
  • Покрај германскиот, задолжително е основно познавање и на англиски јазик;
  • Основни познавања од работа на компјутер;
  • Претходно работно искуство во корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Љубопитност, ентузијазам и самоиницијатива;
  • Позитивен став и професионализам;

Како изгледа животот во Transcom?

Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.