Opće informacije

Lokacija
Skopje
ID posla
4770
Kategorija posla
Predstavnik službe za korisnike (CSR)
Željeni jezik komunikacije
Bugarski

Opis i zahtjevi

Opis

Придружете се на тимот за корисничка поддршка на познат такси превозник, кој исто така е дел од глобалниот стартап феномен. Вашата работа ќе им помогне на луѓето да пристигнат едноставно, безбедно и брзо до каде што треба – секој ден.

Што ти нудиме?

  • Сигурни примања од првиот ден на обука
  • Платена обука (4 недели): Сè што треба да научите ќе го добиете преку структурирана обука

  • Професионален развој и можности за напредување во динамично меѓународно опкружување

  • Поддршка и тимска работа: Пријателска и мотивирачка средина која поттикнува соработка и заедништво

  • Додатни бенефиции: Пролетен и зимски бонус, корпоративни попусти кај партнери

  • Работа во смени кои го опфаќаат целокупното работно време на проектот 0-24h

Стани Агент за корисничка поддршка за такси превозник!

  • Ќе започнеш со обука која ќе те подготви за обезбедување поддршка за корисниците
  • Ќе комуницираш со корисниците на бугарски јазик преку телефонски повици, чет и е-пошта

Што бараме?

  • Напредно познавање на бугарски јазик (минимум C1 ниво, изворен говорник)
  • Напредно познавање на англиски јазик (минимум B2 ниво и повисоко)

  • Основно познавање на MS Office пакетот, брзина и точност во пишувањето

  • Комуникативност, мотивираност и организираност

  • Самостојност, организираност и отвореност

  • Можност за работа во смени 24/7

Како изгледа животот во Transcom?


Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.