Opis i zahtjevi
Некој во моментов го пакува својот куфер за Берлин. Друг се обидува да го промени датумот на летот во последен момент. Трет го планира својот одмор и е неодлучен за следната дестинација. На сите нив им треба една личност - ТИ! Доколку флуентно зборуваш германски јазик и сакаш патувања, придружи се на нашиот тим кој спојува луѓе, градови и искуства во целиот свет! Секој нов ден ќе биде нова авантура, во која меѓудругото, ќе уживаш во инспиративна атмосфера и добра енергија, ќе стекнеш меѓународно искуство и научиш многу нови работи!
Што ти нудиме?
- Почетна платa од 950 евра;
- Договор за вработување на неопределено време;
- Бонус за добредојде од 450 евра;
- Целосно платена обука;
- Приватно здравствено осигурување;
- Можност за работа на полно или скратено работно време;
- Модерна канцеларија во центарот на Скопје;
- Месечни бонуси за перформанси;
- Бонуси за препораки;
- Tренинзи, обуки и компаниски настани наменети за личен и професионален развој;
- Корпоративни попусти во компаниите со кои соработуваме;
- Бесплатен пристап до нашата интерна едукативна платформа;
- Можности за напредок: локално и глобално;
Придружи ни се како Туристички советник за патувања со германски јазик!
Твојот работен ден ќе опфаќа:
- Секојдневна употреба на германскиот јазик како претставник на една од најголемите туристички агенции во Германија;
- Комуникација со клиенти преку различни канали: телефон, е-маил и четови во врска со туристичките аранжмани и резервации;
- Подобрување на корисничкото искуство: споделување информации и совети во врска со актуелните понуди и тековни резервации;
- Нудење на персонализирани решенија за патување прилагодени на потребите на клиентите;
Што бараме?
- Задолжително флуентно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);
- Покрај германскиот, задолжително е основно познавање и на англиски јазик;
- Основни познавања од работа на компјутер;
- Претходно работно искуство во корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за тимска работа;
- Љубопитност, ентузијазам и самоиницијатива;
- Позитивен став и професионализам;
Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.