Opis i zahtjevi
Опис на работното место:
Дали сакаш подобро да ја разбереш енергетската индустрија, а истовремено да го користиш и усовршуваш познавањето на германскиот јазик на дневна основа? Дали сакаш да работиш од дома, 100% од времето? Тогаш придружете се на нашиот тим! Ќе работите на обработка на дојдовни барања од постоечки клиенти на енергетска компанија што работи низ цела Германија, преку прашања поврзани со плаќања и фактури, обработка на авансни плаќања и внесување на отчитувања на броила.
Што нудиме?
Договор за вработување на определно време со можност за промена на неодредено, согласно перформансите - затоа што сакаме долгорочни и стабилни работни односи
100% работа од дома (од првиот ден од обуката)
Слободни викенди - затоа што се стремиме кон здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот
Осум часовни смени со почеток помеѓу 8 и 10 часот (да, добро прочитавте, само дневни смени)
Можност за работа на скратено работно време по совладување на обуката
Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!
Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!
Корпоративни попусти во над 15 продавници со кои Transcom има склучено соработка
Онлајн центар за психолошко советување
Професионална и платена обука за работа
Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
Бонус за препорака на пријател
Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
Што бараме?
Одлично познавање на говорен и ипшан германски јазик (C1/C2)
Комуникативна личност која сака да им помага на луѓето
Познавање на основна работа на компјутер, и брзо пишување
Тимски играч кој ужива во динамична средина
Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија
Личност којка сака да работи во атмосфера каде што трудот, напорната работа и амбицијата се почитуваат и ценат
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.