Opće informacije

Lokacija
Skopje
ID posla
2482
Kategorija posla
Predstavnik službe za korisnike (CSR)
Željeni jezik komunikacije
Makedonski

Opis i zahtjevi

Opis
Transcom е шведска компанијa која се истакнува како глобален лидер во светот на БПО индустријата која во Р.С. Македонија има свои канцеларии во Скопје, Тетово и Охрид но, и можности за работа од дома. Горди сме што континуирано вработуваме голем број на талентирани колеги кои секојдневно обезбедуваат супериорна корисничка поддршка на повеќе светски јазици, вклучувајќи германски, германски јазик со швајцарски дијалект, француски, холандски, шведски, италијански или англиски јазик. Доколку ја гледаш својата кариера во сектор за корисничка поддршка, уживаш во интеракција со луѓе, емпатичен/на си и организиран/а и сакаш да работиш во динамичен тим и брзорастечко опкружување, те покануваме да му се придружиш на нашиот тим и да аплицираш овде без оглед на тоа кој од овие јазици го зборуваш, а нашите регрутери ќе те исконтактираат веднаш штом најдат нешто соодветно за тебе!

Што ти нудиме?
  • Конкурентна и редовна плата;
  • Можност за добивање на договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Работа од нашите модерни канцеларии во Скопје/Охрид/Тетово или работа од дома (во зависност од работната позиција);
  • Проширување на знаењата: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Поддршка при балансирање на приватниот и професионалниот живот;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се со аплицирање на нашата отворена апликација за работа и биди исконтактиран/а веднаш штом се отвори соодветна работна позиција во согласност со твоите квалификации и преференции!
Tвоите задачи и одговорности, во зависност од работната позиција, би биле:
  • Комуникација со корисници од германско, италијанско, француско, англиско, холандско, шведско или италијанско говорно подрачје преку телефон, е-пошта и четови;
  • Корисничка поддршка и одговарање на барањата на клиентите;
  • Обезбедување на информации за производите и услугите на компанијата на клиентот;
  • Обезбедување на високо ниво на квалитет на услугата и задоволство на корисниците;

Што бараме?
  • Одлично зборување и пишување на некој од горенаведените јазици;
  • Покрај примарниот јазик, познавање на втор јазик (англискиот) би се сметало за предност;
  • Основни познавања од работа на компјутер: твоите IT вештини дополнително ги унапредуваме за време на периодот на обука;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е твоја цел;
  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;

Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.