Informations générales

Emplacement
Skopje
ID de l'annonce
5780
Catégorie
Représentant du service à la clientèle (CSR)
Exigences linguistiques
Italien

Description et exigences

Description
Стани дел од новиот тим на нашиот проект на италијански јазик! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!

Што ти нудиме?
  • Конкурентна плата од 47.300 
  • Работа од нашите модерни канцеларии во центарот на Скопје;
  • Работа во една смена од 09:00 до 17:00 часот;
  • Платена обука;
  • Месечен систем за наградување;
  • Бонуси за препораки на пријател;
  • Пријатна и динамична работна атмосфера;
  • Можност за личен и професионален напредок;
  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион;

Придружи ни се како Специјалист за излезни повици на италијански јазик
  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување;
  • Ќе бидеш во секојдневна комуникација со старите и актуелните клиенти на компанијата презентирајќи им ги актуелните промоции;
  • Ќе го употребуваш италијанскиот јазик на дневно ниво добивајќи можност да го усовршиш истиот;
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот;
Што бараме?
  • Одлично познавање на италијанскиот јазик;
  • Добро познавање на англискиот јазик;
  • Основно познавање на компјутерско работење;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Личност која ужива да работи од удобноста на својот дом;
  • Љубопитност и желба за учење на нови работа;
  • Способност за тимска работа и работа во динамично опкружување;
  • Желба за подобрување и развивање на себеси од личен и професионален аспект;
  • Претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба;

Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.