Informations générales

Emplacement
Work at Home
ID de l'annonce
11353
Catégorie
Représentant du service à la clientèle (CSR)
Exigences linguistiques
Allemand

Description et exigences

Description

Дали сакаш подобро да ја разбереш енергетската индустрија, а истовремено да го користиш и усовршуваш познавањето на германскиот јазик на дневна основа? Дали сакаш да работиш од дома, 100% од времето? Тогаш придружете се на нашиот тим! Ќе работите на обработка на дојдовни барања од постоечки клиенти на енергетска компанија што работи низ цела Германија, преку прашања поврзани со плаќања и фактури, обработка на авансни плаќања и внесување на отчитувања на броила.

 

Што нудиме?

  • Договор за вработување на определно време со можност за промена на неодредено;

  • 100% работа од дома (од првиот ден од обуката);

  • Слободни викенди - се стремиме кон здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот;

  • Осум часовни смени со почеток од 8 или 10 часот наутро;

  • Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!;

  • Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!;

  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка;

  • Онлајн центар за психолошко советување;

  • Професионална и платена обука за работа;

  • Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка;

  • Бонус за препорака на пријател;

  • Исплата за минат труд;

  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University;


Придружи ни се како Туристички советник за патувања со германски јазик!

Твојот работен ден ќе опфаќа:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик како претставник на еден од најголемите дистрибутери на електрична енергија во Германија;

  • Комуникација со клиенти преку различни канали: телефон и е-маил во врска со користењето на услугите на клиентот;

  • Поддршка на корисници: одговарање на прашања поврзани со сметки, потсетници, отчитување на броила, промена на адреса (вклучително и пренос на броило), барања за плаќање на рати и сл.;


Што бараме?

  • Одлично познавање на говорен и пишан германски јазик (C1/C2);

  • Комуникативна личност која сака да им помага на луѓето;

  • Познавање на основна работа на компјутер, и брзо пишување;

  • Тимски играч кој ужива во динамична средина;

  • Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија;

  • Личност којка сака да работи во атмосфера каде што трудот, напорната работа и амбицијата се почитуваат и ценат;


Каков е животот во Transcom?

Во Transcom сме целосно посветени. На на нашите клиенти, и едни на други. Секој ден, некој го започнува своето патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот што го има денес, претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добива признание за напорната работа, тимскиот дух и поддршката што им ја дава на другите. Придонесува за позитивни и долготрајни промени во својот тим и заедницата. Такви сме ние во Transcom. Тука се грижиме едни за други и си даваме поддршка. Прифатени сте токму такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.