Información general

Ubicación
Work at Home
ID del Empleo
6555
Categoría
Teleoperador/a
Requisito lingüístico
Alemán

Descripción y requisitos

Descripción


Опис на работното место:


Дали сакаш подобро да ја разбереш енергетската индустрија, а истовремено да го користиш и усовршуваш познавањето на германскиот јазик на дневна основа? Дали сакаш да работиш од дома, 100% од времето? Тогаш придружете се на нашиот тим! Ќе работите на обработка на дојдовни барања од постоечки клиенти на енергетска компанија што работи низ цела Германија, преку прашања поврзани со плаќања и фактури, обработка на авансни плаќања и внесување на отчитувања на броила.


Што нудиме?


  • Договор за вработување на определно време со можност за промена на неодредено, согласно перформансите - затоа што сакаме долгорочни и стабилни работни односи

  • 100% работа од дома (од првиот ден од обуката)

  • Слободни викенди - затоа што се стремиме кон здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот

  • Осум часовни смени со почеток помеѓу 8 и 10 часот (да, добро прочитавте, само дневни смени)

  • Можност за работа на скратено работно време по совладување на обуката

  • Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!

  • Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!

  • Корпоративни попусти во над 15 продавници со кои Transcom има склучено соработка

  • Онлајн центар за психолошко советување

  • Професионална и платена обука за работа

  • Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка

  • Бонус за препорака на пријател

  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University


Што бараме?


  • Одлично познавање на говорен и ипшан германски јазик (C1/C2)

  • Комуникативна личност која сака да им помага на луѓето

  • Познавање на основна работа на компјутер, и брзо пишување

  • Тимски играч кој ужива во динамична средина

  • Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија

  • Личност којка сака да работи во атмосфера каде што трудот, напорната работа и амбицијата се почитуваат и ценат


Каков е животот во Transcom?


Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.