General Information

Location
Skopje
Job ID
10303
Job Category
Customer Service Representative (CSR)
Language Requirement
German

Description & requirements

Description
Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Специјалист за излезни повици на германски јазик за еден од најголемите синџири за достава на свежа храна каде што секојдневно комуницираш со клиенти обидувајќи се да им го подобриш животот преку големиот избор на свежи производи. Придружи ни се на ова забавно патување и биди гласот на вкусната свежа храна во светот што зборува германски јазик!

Што ти нудиме?
  • Конкурентна плата;
  • Бонус за добредојде од 12.300 денари;
  • Можност за добивање на договор за вработување;
  • Платена обука и континуирана поддршка;
  • Месечни бонуси за перформанси;
  • Бонуси за препораки;
  • Работно време организирано само во прва смена и неработни викенди;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка;
  • Онлајн центар за психолошко советување;
  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University;

Придружи ни се како Специјалист за излезни повици на германски јазик!
Твојот работен ден ќе биде комбинација од:
  • Секојдневна употреба на германскиот јазик: комуникација со старите и актуелните клиенти на компанијата за достава на свежи намирници преку презентација на актуелните промоции;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети за најновите подобрувања на услугите кои компанијата ги нуди;
  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените понуди;
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;

Што бараме?
  • Одлично познавање на германски јазик (C1 ниво);
  • Основни познавања од работа на компјутер;
  • Можност за работа од канцеларија во Скопје;
  • Подготвеност за учење и работа во тим;
  • Претходно работно искуство во оваа област се смета за предност но не е задолжително;

Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.