General Information

Location
Skopje
Job ID
9006
Job Category
Customer Service Representative (CSR)
Language Requirement
German

Description & requirements

Description

Дали зборуваш германски на високо ниво и бараш стабилна работа во динамична, брзорастечка средина? Приклучи се на нашиот тим за корисничка поддршка во финансискиот сектор и добиј бонус за добредојде од 600 € бруто износ веднаш на почетокот!

Проектот на кој ќе работиш е најголемата платформа за штедење во Европа, со седиште во Германија, која секојдневно ја користат повеќе од 10 милиони корисници во 18 земји. Како што бизнисот се проширува, ќе имаш многу можности да учиш, напредуваш и се развиваш во рамки на тимот.

Што нудиме?

  • Бонус за добредојде од 600 € бруто износ

  • Можност за работа од дома или од канцеларија - избери го она што најмногу ти одговара (ја обезбедуваме целата неопходна опрема)

  • Договор на неопределено време - стабилноста и сигурноста се на прво место

  • Одлична почетна плата + бонус од перформанс

  • Одлични можности за унапредување – проектот брзо расте и отвора нови улоги и кариерни патеки

  • Платена обука и континуирана поддршка – со тебе сме од првиот ден и низ целиот процес

  • Работно време: 7:00–22:00 (во смени); достапни се и ноќни смени доколку тоа ти одговара

  • Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!

  • Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!

  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка

  • Онлајн центар за психолошко советување

  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University

Како Консултант на германски јазик, ќе бидеш првата контакт точка за корисниците на една од најпознатите финансиски платформи во Европа.

Твоја главна одговорност ќе биде обработка на влезни повици и помош на клиентите со различни прашања – од информации за сметки и трансакции, до поддршка при користење на онлајн банкарски услуги.

Немаш претходно искуство во финансии? Нема проблем. Преку платената обука ќе ги научиш сите потребни работи и ќе стекнеш вредни знаења од областа на банкарството и финансиските услуги, со целосна поддршка од колегите и тим лидерите.

Што бараме?

  • Одлично познавање на германски јазик (C1 ниво)

  • Подготвеност за учење и работа во тим

  • Претходно искуство во корисничка поддршка е предност, но не е задолжително

  • Стабилна интернет конекција и мирна работна средина (за работа од дома)

Каков е животот во Transcom?


Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.