General Information

Location
Work at Home
Job ID
7374
Job Category
Customer Service Representative (CSR)
Language Requirement
French

Description & requirements

Description
Стани дел од новиот тим на нашиот проект на француски јазик и работи од дома! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!

Што ти нудиме?
  • Конкурентна плата од 44.000 денари
  • Работа од удобноста на твојот дом со наша опрема;
  • Работа во смени по претходно утврден распоред;
  • Месечен систем за наградување;
  • Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!
  • Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!
  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка
  • Онлајн центар за психолошко советување
  • Професионална и платена обука за работа
  • Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
  • Бонус за препорака на пријател
  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
  • Пријатна и динамична работна атмосфера;
  • Можност за личен и професионален напредок;
  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион;

Придружи ни се како Специјалист за излезни повици на француски јазик за работа од дома
  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување;
  • Ќе бидеш во секојдневна комуникација со старите и актуелните клиенти на компанијата презентирајќи им ги актуелните промоции;
  • Ќе го употребуваш францускиот јазик на дневно ниво добивајќи можност да го усовршиш истиот;
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот;
Што бараме?
  • Одлично познавање на францускиот јазик (усна комуникација);
  • Основно познавање на компјутерско работење;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Личност која ужива да работи од удобноста на својот дом;
  • Љубопитност и желба за учење на нови работа;
  • Способност за тимска работа и работа во динамично опкружување;
  • Желба за подобрување и развивање на себеси од личен и професионален аспект;
  • Претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба;

Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.