Opis i wymagania
Стани дел од тимот за корисничка поддршка на една од водечките мултинационални компании во индустријата за детски играчки и производи за забава, со повеќе од 200 продавници низ светот. Како Агент за корисничка поддршка на германски јазик, ќе бидеш важен дел од корисничкото искуство, комуницирајќи директно со клиентите и обезбедувајќи им професионална и ефикасна поддршка. Ќе им помагаш со нивните прашања и барања, ќе наоѓаш соодветни решенија и притоа ќе ги развиваш своите комуникациски и јазични вештини во динамична меѓународна средина.
Што нудиме?
Конкурентна плата од 58.632 денари
Бонус за добредојде од 6.000 денари
Можност за работа од дома или од нашите модерни канцеларии во центарот на Скопје - вие бирате!
Работно време во смени, во период од 09:00 до 19:00 часот (да, добро прочитавте, само дневни смени)
Месечни бонуси за перформанси
Бонуси за препораки
Полиса за приватно здравствено осигурување
Придобивки од SportMaster
Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Транском има склучено соработка
Онлајн центар за психолошко советување
Професионална и платена обука за работа
Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
Кариерен развој и глобално искуство
Што бараме?
Одлично познавање на говорен и пишан германски јазик (B2/C1)
Основни познавања од работа на компјутер
Тимски играч кој ужива во динамична средина
Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.