Información general

Ubicación
Skopje
ID del Empleo
4039
Categoría
Teleoperador/a
Requisito lingüístico
Alemán

Descripción y requisitos

Descripción
Дали си љубител на патувања? Дали уживаш во комуникацијата со луѓето и дали си подготвен/а за деловна авантура која совршено ти одговара? Ние сме вистинското место за ТЕБЕ! На овој проект ќе бидеш дел од еден кул тим кој секојдневно подготвува, планира и организира луксузно патување од соништата. Стани и ти дел од тој тим!

Што ти нудиме?
  • Конкурентна плата почнувајќи од 55.860 денари;
  • Бонус за добредојде од 24.600 денари;
  • Бонус за добредојде назад за поранешни вработени од 24.600 денари;
  • Можност за добивање на договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Продуктивна и темелна платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Модерни канцеларии во центарот на Скопје: чувствувај се како дома додека работиш;
  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти;
  • Системи кои овозможуваат лесна навигација во секојдневната работа;
  • Секојдневна поддршка во работата;
  • Проширување на знаењата;
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера;
  • Кариерен развој;
  • Глобално искуство;

Придружи ни се како Консултант на германски јазик во областа на туризмот!
Во секојдневната комуникација со корисниците на германски јазик, ќе се грижиш нивните патувања од соништата да станат реалност. Ќе работиш на резервации, ќе ги идентификуваш потребите на корисниците и проактивно ќе презентираш опции за незаборавен одмор (летови, трансфери, факултативни екскурзии итн.)
  • Твојата работа ќе вклучува комуникација преку дојдовни повици, повратни повици, но и back office задачи (e-mail);
  • Ќе ја започнеш работата со обука за време на која ќе бидеш запознаен/а со системите и процесите кои се дел од работата;
  • Ќе ги решаваш проблемите и корисничките прашања со насмевка и стручност;
  • Ќе ја имаш целосната поддршка од твојот тим лидер како и од целиот тим;

Што бараме?
  • Високо ниво на познавање на германски јазик: минимум C1 ниво на познавање на јазикот (усна и писмена комуникација);
  • Основни познавања од работа на компјутер и добро познавање на MS Office пакетот;
  • Можност за работа од канцеларија во Скопје;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е твоја цел;
  • Претходно работно искуство во оваа област се смета за предност но не е задолжително;

Како изгледа животот во Transcom?
Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.