General Information

Location
Skopje
Job ID
6332
Job Category
Customer Service Representative (CSR)
Language Requirement
Italian

Description & requirements

Description

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!


Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 47.300 денари;
  • Можност за работа од дома: работи од удобноста на твојот дом по успешно совладување на обуката во Скопје која трае 3 недели;
  • Можност за работа на скратено или полно работно време;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех; 
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност; 
  • Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој
  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти; Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на италијански и англиски јазик во областа на туризмот! 

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на италијанскиот јазик: биди гласот на една од водечките тур-оператори во светот;
  • Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со резервациите на клиентите;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудените тури;
  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;


Што бараме?

  • Задолжително флуентно познавање на италијанскиот јазик (усна и писмена комуникација);

  • Покрај италијанскиот, задолжително е познавање и на англискиот јазик (се работи паралелно со двата јазика);

  • Основни познавања од работа на компјутер;

  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;

  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;

  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;

  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;



Како изгледа животот во Transcom?

Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.